На семејна веселба во Кичевско: Испукал неколку куршуми, кои се одбиле од подот и повредиле 16-годишно момче

34

Шеснаесетгодишно момче од кичевското село Стрелци било повредено на семејна веселба откако Ф. Ф. (36) испукал неколку куршуми од пиштол, кои се одбиле од подот и го повредиле.

Несреќата се случила во дворот од семејната куќа. Момчето било пренесено во Општата болница во Кичево.

Како што соопшти МВР, вчераутро во 2:30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле од слобода Ф. Ф. (36) и Ч. Ф .(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол.

Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

 

ИЗДВОЕНИ