На Русија и пресушува клучниот извор на приходи: Ваков пад не паметат од 2020 година.

49

Приходите на Русија од нафта и гас во декември би можеле да бидат речиси половина пониски од истиот период минатата година, објави Ројтерс.

Прогнозираното намалување на приходите на околу 410 милијарди рубли (околу 4,4 милијарди евра) е резултат на пониските глобални цени на нафтата и посилната рубља, што ги доведе месечните приходи на најниско ниво од 2020 година.

Приходите од нафта и гас остануваат главен извор на финансирање на Кремљ, сочинувајќи околу една четвртина од приходите на федералниот буџет.

Се предвидува дека приходите од нафта и гас ќе достигнат вкупно 8,44 трилиони рубли (90 милијарди американски долари) оваа година, што е намалување од речиси 25% во однос на минатата година и под претходната прогноза на Министерството за финансии за приходите од нафта и гас, според пресметките на Ројтерс врз основа на податоци од индустријата и официјални податоци.

Украина и нејзините западни сојузници постојано повторуваат дека напорите за ограничување на приходите на Русија од нафта имаат за цел да ја поткопаат способноста на Москва да ја финансира војната. Како дел од овие напори, Украина постојано ја таргетираше руската нафтена и гасна инфраструктура, вклучувајќи ги рафинериите и складиштата, во обид да го наруши главниот извор на финансирање на Кремљ.

ИЗДВОЕНИ