На ред се културата и туризмот

15

Во насока на дигитализацијата, Општина Центар постави ГИС- портал и како што велат оттаму, тој се надградува секоја година со модули корисни за граѓаните и за стручната фела. Најавуваат дека дополнително ќе бидат поставени БИМ-фајлови и нови модули во областа на културата и на туризмот, што ќе бидат од интерес за граѓаните.

– Со оваа дигитална алатка, граѓаните ќе имаат брз и лесен пристап до потребните информации и документи во училиштата и во градинките на територијата на Општина Центар, пристап до изводите од ДУП, 3Д-снимки, зелен катастар, како и дигитален близнак со 3Д-визуализација (Digital Twin). Општина Центар станува лидер во дигиталната трансформација на локалната самоуправа – потенцираат општинските власти.

ИЗДВОЕНИ