Со успешен почеток стартуваше првиот Божикен театарски фестивал во Кисела Вода, најавувајќи нова културна традиција во општината. Првата фестивалска вечер помина во празнична атмосфера и со голем интерес од публиката, во Домот на култура „Билјана Беличанец“.
Вечерва, со почеток во 20:00 часот, на програмата на вториот фестивалски ден е театарската претстава „За нас почнува живот“, во изведба на Театарското здружение „Мана“.
Режијата е на Дејан Пројковски, а улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви. Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години.
Влезот е бесплатен, а поради ограничениот број места потребна е резервација на карти со пријавување до 04.01.2026 година до 16:00 часот, на следните контакти: Даниела – 075/380-928; Верица – 071/804-474.
Божикниот театарски фестивал продолжува и утре, 05.01.2026, со богата програма: во 18:00 часот претставата „Кралица Срце“ на Театарското здружение „Триангл“, во режија и по сценарио на Десанка Глигоријевиќ, со Марика Поповиќ, Андреј Наумов и Јане Дунимагловски, како и во 19:30 часот претставата „Другарство“ на Театарското здружение „Дивизион Арт“, со Винета Дамчевска, Мики Анчевски и Марија Ѓорѓиовска.
Општина Кисела Вода ги поканува сите заинтересирани граѓани да бидат дел од Божикниот театарски фестивал, кој се одржува во Домот на култура „Билјана Беличанец.












