Општина Виница дава на продажба градежно земјиште во сопственост на државата. За таа цел е распишана јавна обнова. Продажбата ќе се врши по пат на електронско јавно наддавање за 15 градежни парцели.
Една од парцелите се наоѓа во м.в. „Ила“(зад социјалната зграда) со вкупна површина од 19.386 квадратни метри со основна класа на намена Б2 – Големи трговски единици. Компатибилни намени, пак, се: А2 – домување во станбени згради, А3 – групно домување (згради за престој на ученици, работници, пензионери, стари и немоќни лица), Б3 – ресторани, барови, клубови, дискотеки, Б4 – деловни згради со канцеларии иБ5 – хотели и хотелски комплекси.
Сите компатибилни намени можат да бидат со дозволен процент до 40% во однос на основната класа на намени или нивниот збир да биде до 40%. Останатите градежни парцели се наоѓаат во м.в. „Блажева падина“ (улица „Видео Смилевски Бато) со површини од 400 квадратни метри до 591 квадратен метар со основна намена А1 – Домување во куќи.
Од Општина Виница информираат дека пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават најдоцна до 14.07.2025 година (понеделник) на интернет адресата: www.gradezno-zemjiste.mk.