На прилепскиот „Пиво-фест 2025“ со мегамузичките ѕвезди Харис Џиновиќ и Никола Роквиќ

562

Од 18 до 20 јули! Градот под Марковите кули ќе зоврие ова лето, од 18 до 20 јули.      По неколку години пауза и тивка реорганизација, славниот „Пиво-фест“ се враќа со полна пареа и со преполни буриња прилепско пиво. Секако дека ќе биде залеано сето тоа со добра песна, испеана од популарните фолк-пејачи, главно, од просторите на некогашна Југославија.

„Пиво-фест 2025“ започнува в петок, 18 јули, најпрво со вечер посветена на македонската забавна музика. Под отвореното летно небо, ќе настапи одличниот Камерен оркестар од Битола во придружба на популарните Андријана Јаневска, Наде Талеска и Ристо Самарџиев.Сепак, да не се лажеме, врвот на пивската забава ќе биде в сабота и в недела. В сабота, со фолк-хитовите „Муштулук“ „И тебе сум сит, кафано“, „Париски капии“ и „Лажеш ме“, два часа ќе „растура“ мегапопуларниот Харис Џиновиќ. Добро упатените велат дека ќе биде добро доколку сите не полудат позитивно со песните на Џиновиќ. Тоа е затоа што публиката многу го сака.

Фестивалската пивска магија со вкусна скара ќе продолжи в недела навечер, 20 јули, кога прилепчани максимално треба да ги шармира секогаш харизматичниот фолк-пејач Никола Роквиќ. Нема сомнеж дека и тој ќе направи голема фолк-журка на прилепскиот плоштад со хитовите „Мед и благо грозје“, „Прости ѝ на мојата младост“, „Од лудило до лудило“, „Скитница“, „Кога сите ќе ме заборават“…                                                       Сè на сè, ни претстојат три дена музика и вистински рај за сите љубители на опивниот хмељ, „преточен“ во надалеку познатото прилепско пиво.  (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ