На претседателските избори во Полска, Тшасковски во тесно водство со 50,17 проценти од гласовите

60
Фото: EPA-EFE/Andrzej Jackowski POLAND OUT

Кандидатот на полската владејачка Граѓанска коалиција на претседателските избори во таа земја, Рафал Тшасковски, води во вториот круг од изборите со 50,17 проценти од гласовите, според излезната анкета на „Ипсос“, пренесува „Ројтерс“.

Независниот кандидат Карол Навроцки, кој ја има поддршката од националистичката главна опозициска партија Закон и правда (PiS), освои 49,83 проценти од гласовите.

Тој победи во првиот круг од претседателските избори на 18 мај, со тесна предност од 31,36 проценти од гласовите, во споредба со Навроцки кој освои 29,54 проценти, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ