Спортската сала на Работнички во “Градски парк“ ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ. Ова го кажа градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој имал средба со поранешни кошаркари на Работнички и токму нив им го пренел овој негов предлог.

-Предложив реконструираната сала да го носи името на Лазар Лечиќ, творецот на македонската професионална кошарка, под чие водство Работнички ги освои титулите во 1963 и 1964 година и се пресели во Првата сојузна лига. Среќен сум што ветераните едногласно го поддржаа предлогот, велејќи дека Лечиќ е човекот што не научи да играме со срце и тимски дух. Во знак на благодарност за сѐ што направија, ветераните ќе имаат и своја ложа наменета токму за нив“ напиша на своите социјални мрежи градоначалникот Герасимовски.

Инаку Лечиќ почина минатата година на 85 години.

ИЗДВОЕНИ