На Попова Шапка паѓа снег!/ВИДЕО

91

Вечерва снег паѓа на Попова Шапка покажуваат камерите во живо на skimacedonija.mk, a ситен снег се забележува и на Бистра во Маврово. Инаку, утрово на социјалните мрежи се појавија снимки од првиот снег во Србија, на планината Голија, а снег има и на Копаоник. Снежни врнежи се забалежани и на Бјелашница во БиХ.

Под влијание на влажен и студен бран, времето во Македонија до петок ќе биде облачно, студено и со чести врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. Според најавите, се очекува да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, а локално и над 50 литри на метар квадратен.

Според прогнозата на УХМР, од утре поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Во петок, со натамошно опаѓање на температурите, ќе има услови за снег и на повисоките места. На планините се очекува формирање значителна снежна покривка.

Од сабота следува стабилизација на времето со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст.

ИЗДВОЕНИ