
Покривот што на почетокот на овој месец овој месец се урна во популарниот ноќен клуб, во Доминиканската Република, при што загинаа 232 лица, протекувал со децении и бил поправан со гипс-картон неколку пати, вели сопственикот Антонио Еспаилат.
Тој, во интервју, вели дека додале нов гипс-картон на покривот, неколку часа пред уривањето. Иако забележал дека гипс картонот паѓал со години од различни причини, вклучително и поради водата што протекувала низ клима-уредите, никој никогаш не го проверил покривот ниту ги истражил протекувањата на вода.
-Секогаш сме купувале гипс картон. Секогаш, вели Еспаилат, со тивок тон за време на речиси едночасовното интервју.
За уривањето на покривот дознал кога неговата сестра го повикала од под урнатините. Според него, на покривот имало шест клима-уреди и три резервоари за вода, додека генераторот се наоѓал во соседната просторија, а не на покривот.
Доминиканската влада формираше комитет од локални и меѓународни експерти за да го истражи уривањето. Истрагата може да трае со месеци и покрена прашања за безбедноста на инфраструктурата низ целиот Санто Доминго и пошироко. Во моментов не постои владина агенција задолжена за инспекција на приватни згради во Доминиканската Република, а претседателот Луис Абинадер минатата недела објави дека се очекува нов закон со кој тоа ќе се промени.