И покрај високите температури, може да се помине пријатен ден со животните во скопската Зоолошка градина, кои им се радуваат на посетителите, иако меѓу нив има и такви што се вознемируваат од нивното присуство.

Некои од животните излезени од своите живеалишта љубопитно набљудуваат со очињата за да видат кој им го нарушува мирот. Во Бејби зоо, која е комплетно реновирана и сега пуштена во употреба, нè пречекаа африканските желки. Четири од нив се огромни. Едната не сакаше да излезе, бидејќи беше пикната во дупка за да се лади. И додека се криеше таа, секогаш насмената Тина Мицковска, задолжена за односи со јавноста во Зоолошката градина, им приреди мало изненадување. Со прскалка полна со вода, добија разладување, а дополнително и сладолед од целер и морков

И покрај високите температури, може да се помине пријатен ден со животните во скопската Зоолошка градина, кои им се радуваат на посетителите, иако меѓу нив има и такви што се вознемируваат од нивното присуство.

Некои од животните излезени од своите живеалишта љубопитно набљудуваат со очињата за да видат кој им го нарушува мирот. Во Бејби зоо, која е комплетно реновирана и сега пуштена во употреба, нè пречекаа африканските желки. Четири од нив се огромни. Едната не сакаше да излезе, бидејќи беше пикната во дупка за да се лади. И додека се криеше, секогаш насмената Тина Мицковска, задолжена за односи со јавноста во Зоолошката градина, им приреди мало изненадување. Со прскалка полна со вода, добија разладување, а дополнително и сладолед од целер и морков.

Таа вели дека во летниот период, сите животни добиваат лесна храна, зеленчук или овошје за полесно да ги поднесат горештините.

– Само е намалена количината на храна и животните се разладуваат со овошни или со зеленчукови сладоледи и со лубеница. На лавовите и на другите големи мачки им се дава сладолед од замрзнато месо. Исто така, и во внатрешните живеалишта животните имаат клима – нагласи Мицковска.

Сладолед од зеленчук доби и папагалот Зазу. Негова миленичка е вработената Кате, иако во својот кафез ја има партнерката Плаза, која е постара од него. Зазу е многу интересен и знае да игра, но и да зборува. Гласно изговара „здраво“ и „чао“. Тој претходно бил во канцелариите на Управата на Зоолошката и бил тамошен миленик, но потоа бил префрлен во Бејби зоо-градината.

Алпаките, кои беа отспротива, пак, добија разладување со сладолед од целер, моркови и зоб, но не отидоа да го земат, бидејќи беа вознемирени од присуството на гостите. Лубеница добија и лемурите. Нивниот негувател, Виктор, влезе кај нив, а тие едвај го дочекаа за да зграбат од лубеницата. Еден од нив му скокна пријателски на рамото и таму си ја јадеше лубеницата. Другите, пак, љубоморно си зедоа по едно парченце и се издвоија настрана за да си го изедат, иако имаше за сите.

Гордата слоница Даела, пак, не го испушташе сеното од уста, иако и таа доби лубеница.

– Таа и претходно си беше таква – лакома. Уште кога беше жива слоницата Дуња, Даела прва трчаше да ја земе храната, неиспуштајќи го она што имаше во сурлата – се смее Виктор, кој заедно со негувателот Бојан се грижи за неа.

Тина додава дека Даела многу сака да ја прскаат со црево, дека така ѝ е најубаво кога е топло и дека најмногу ужива во тоа.

Пингвините, пак, бараат спас од топлото во својот базен, но и во живеалиштето, кое се лади со клима.

Како и да е, времето поминато во Зоолошката, крај животните, и покрај топлината надвор, ќе ти ја разгали и разнежи душата. Топло им препорачувам на сите да го доживеат и почувствуваат тоа.

(А. П.) Фото: Петр Стојановски      

ИЗДВОЕНИ