сабота, јануари 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА На планинарска патека пронајдени две рачни бомби

На планинарска патека пронајдени две рачни бомби

63

Во неделата околу 10.00 часот на планинарска патека во планинскиот предел над селото Грекај, општина Маврово и Ростуше, при извршување службени задачи, полициски службеници од ОВР Гостивар пронашле две неексплодирани рачни бомби кашикари.

Бил извршен увид, а бомбите биле безбедно подигнати од екипа на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Министерството за внатрешни работи.

ИЗДВОЕНИ