понеделник, јануари 26, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА На пладне започнуваат блокадите: Протест на превозниците на граничните премини!

На пладне започнуваат блокадите: Протест на превозниците на граничните премини!

48

Превозниците најавија дека денес, 26 јануари, ќе излезат на протест и ќе го блокираат товарниот сообраќај на сите гранични премини во државата. Според најавите, камионите нема да бидат пропуштани, додека патничките автомобили и автобусите ќе сообраќаат непречено.

Блокадите ќе започнат од 12 часот и ќе се одвиваат на граничните премини со Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Косово. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за да се овозможи нормален проток на патничкиот сообраќај и да се избегнат поголеми гужви.

Протестот го организираат здруженијата на превозници, кои бараат решавање на проблемите поврзани со правилата за престој и работа на професионалните возачи во земјите од Шенген-зоната, како и подобри услови за меѓународен транспорт. Најавено е дека блокадите може да траат неколку дена, доколку не дојде до договор со надлежните институции.

ИЗДВОЕНИ