Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ која е присутна во Македонија веќе 14 години, денеска со пладневниот лет од Дортмунд го донесе 15-илјадитиот патник на скопскиот аеродром. Операторот на македонските аеродроми ТАВ Македонија и подари на патничката реквизити за патување, додека „Визер“ и додели вредносен ваучер за авионски билети до дестинација по нејзин избор.

– Во годината кога ја одбележуваме нашата 15. годишнина на пазарот, го наградивме 15-милионитиот патник на „Визер“ и со тоа ја прославивме нашата 14-годишна плодна партнерска соработка со овој авиопревозник, кој лета до вкупно 30 дестинации и 12 земји од Меѓународниот Аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид. Заедно со нив и со Владата, продолжуваме заеднички да работиме на проширување на мрежата на авиолинии од двата македонски аеродроми, правејќи ја Европа и светот поблиски како за македонските граѓани, така и за граѓаните од околните земји – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

ТАВ Македонија, партнерството со „Виз ер“ го почна во јуни 2011 година, со првиот лет од Меѓународниот Аеродром Скопје до аеродромот Лутон-Лондон.

Во јули 2015 година, „Визер“ почна со летови и од охридскиот аеродром, со летот од Охрид кон Базел. „Визер“ денес има база од пет авиони на Меѓународниот Аеродром „Скопје“ и опслужува 30 дестинации до 12 земји до и од нашата земја, со пазарен удел од над 46%, со што е најголемиот авиопревозник на македонскиот пазар.

– Достигнувањето на 15 милиони патници во Македонија е извонреден успех и доказ за нашата силна врска со ТАВ Македонија и нашите патници тука. Како лидери на пазарот, нудејќи летови до 30 дестинации од оваа земја, горди сме што играме клучна улога во поддршката на економскиот раст, како и во отворањето врати за деловни можности и охрабрувањето на посетителите да ја истражат богатата култура и прекрасните пејзажи на Македонија. Возбудени сме што денес го прославуваме овој пресврт со среќниот патник и остануваме посветени на обезбедување ниски цени, сигурна услуга и повозбудливи можности за патување за сите во оваа земја – изјави Андраш Радо, раководител за комуникации во „Визер“.

Во 2024 година „Визер“ превезе 1,8 милиони патници преку двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, а според бројот на патници, најфрекфентни рути на „Визер“ се авиолиниите од Скопје до Милуз, Дортмунд, Мемингем и Берлин.

ИЗДВОЕНИ