Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави измени во Законот за безбедност на сообраќајот, со кои ќе се воведе забрана за користење мобилни телефони и електронски уреди не само за возачите на моторни возила, туку и за пешаците и велосипедистите.
„Со измените се предвидува забрана за употреба на телефони и електронски уреди при управување со велосипед, мопед, мотоцикл, скутер, трактор и други возила, а истовремено и за пешаците при одење, преминување на коловоз или движење по велосипедска патека,“ изјави Тошковски.
Тој истакна дека новите мерки се дел од проектот „Безбеден град“, чија цел е зголемување на безбедноста на улиците и намалување на бројот на сообраќајни прекршоци. „Со овие измени обезбедуваме поефикасна контрола на прекршоците – записникот со платен налог ќе биде единствен документ за помали прекршоци, а прекршоците ќе се утврдуваат и документираат преку техничка опрема,“ додаде министерот.
Проектот „Безбеден град“ е планирано да започне со примена во јануари 2026 година.