Откако Доналд Трамп ги објави плановите за ексклузивен настан на УФЦ во Белата куќа, светот на MMA постојано зборува за спектаклот закажан за 2026 година. Бројни ѕвезди како Конор Мекгрегор, Џон Џонс и Хорхе Масвидал јавно ја изразија својата голема желба да настапат, но еден поранешен предизвикувач на титулата има сосема поинакво мислење, пишува „Bloody Elbow“.
Брендон Ројвал, борец во мува категорија на УФЦ, јасно стави до знаење дека не е заинтересиран да се бори пред политичари и светски сили. За време на појавувањето во подкастот „In The Arena MMA“, тој го спореди целиот настан со дистопискиот филм „Игрите на гладот“.
- Не сум заинтересиран да се борам во е*ената Бела куќа“. Сакам да се борам пред многу луѓе, брате. Колку голема арена може да има Белата куќа? Дали е тоа ср*ње надвор? Борењето пред нив едноставно ми изгледа ср*ње. Не ме интересира да се борам пред група е*ани милијардери и богати луѓе на кои не им е гајле за мене. Е*ете се момци, сакам да се борам пред фанови на ММА, порача Ројвал, кој очигледно има многу вулгарен јазик.
Инаку, Ројвал е првиот борец на УФЦ кој јавно го изрази својот презир кон престижот на борбата во Белата куќа, а неговиот став предизвика реакција во ММА заедницата. Многумина ја пофалија неговата изјава, нарекувајќи ја „освежителна“ во морето борци кои се борат за место на настанот.
„Прва здрава мисла што ја видов за ова“, „Сега сум обожавател на Брендон Ројвал“ и „Конечно некој што го кажува своето мислење“, беа само неколку од коментарите за поддршка.
Но, не се согласија сите со ставот на Ројвал. Некои фанови сметаа дека борецот не ја видел можноста што ја нуди еден ваков настан.
„Каков игнорантски став“, напиша еден критичар, додека друг рече: „Заборави на политиката! Сакате да се борите таму затоа што целиот свет ќе ве гледа.“











