Годинава  АТП Челинџерс турнирот „Македонија Опен“ е можност за напредок на сите тенисери, а особено на младите кои преку турнирот во Скопје треба да „соберат“ повеќе поени. Турнирот е од рангот  Challenger tour 75,, со награден фонд од 100.000 долари и ова е негово трето издание.

„Целта на турнирот е да имаме квалитени играчи и добри мечеви. Ние како федерација сме годри што трета година по ред го организираме турнирот и со тоа Скопје е на светската тениска карта. Турнирот е се посилен, а воедно е микс на млади играчи кои се желни за докажување, како и искусни играчи, кои имале забележителни резултати пред година – две. Она што е важно е дека квалитетни јуниори доаѓаат на овој турнир. Составот на играчи годинава е млади (18-21 година), потоа „зрели“ од 22 до 26 години и искусни, над 26 години. На турнирот ќе играат и тројца победници на грен слем турнирите од пред некоја година Мили Пољичак од Хрватска (победник на Вимблдон во 2022 година) и ривал на нашиот Ивановски во првото коло, потоа Дино Прижмиќ од Хрватска победник на Ролан Гарос во 2023 година, како и Николај Будков Кјаер од Норвешка победник на Вимблдон во 2024 година. Во кругот на млади играчи се секако и нашиот Калин Ивановски, потоа Лука Микрут од Хрватска, како и Максим Мрва од Чепка (2024 година ја заврши како јуниор број 2) и ланскиот победник од Скопје Жоел Шварцлер од Австрија. Внимание секако привлекува и првиот носител Хуго Делиен од Боливија, со најдобар ранг во ТОП 60 и кој имаше настап претходната недела на Мастерсот 1000 во Рим, а е и на листата учесници на Ролан Гарос. Во одлична форма со два освоени Челинџер турнири (Острава и Тунис) во Скопје ќе се појави и Жомбор Пирош од Унгарија, истакна претседателот на Македонската терниска федерација, Александар Ивановски.

Турнирот се игра  оваа недела, полуфиналните мечеви во двете конкуренции ќе се играат во петок, а во сабота се планирани финалните мечеви. Победникот на турнирот ќе освои 75 поени, како и награда од 12.980 долари.

 

ИЗДВОЕНИ