На магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село патничко возило „фолксваген“ удрило во пешак нанесувајќи му тешки повреди

24

На 23.09.2025 во 13:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село кај с.Ново Село, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А.(33) од с.Зубово удрило во пешакот Ж.Ј.(47) од с.Габрово, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

ИЗДВОЕНИ