Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, изјави дека не планира да се пензионира и очекува да остане во Формула 1 уште неколку години.

Хамилтон вози уште една сезона за заборав, бидејќи неговиот Ферари не личи на ништо и оваа година. На барање на тимот, Хамилтон мораше да биде престигнат од неговиот тимски колега Шарл Леклер на неколку трки сезонава, и моментално заостанува зад него во генералниот пласман, а далеку е и зад лидерот Оскар Пјастри од Мекларен.

Сепак, 40-годишниот Хамилтон рече дека неговата приказна со Ферари штотуку започнала и дека нема планови да се пензионира наскоро.

  • Не се сомневам дека ќе се натпреварувам во наредните години, поради што би ги замолил медиумите да не измислуваат приказни за моето пензионирање. Јас само што ја започнав мојата приказна тука и ќе се тркам долго време, порача Хамилтон.

Тој додаде дека не мисли оти работата на директорот на тимот Фредерик Васер е во опасност.

  • Не добив впечаток дека може да биде отпуштен. Секако не би го поддржал тоа. Ми се допаѓа да работам со него и сега мора да се држиме заедно. Резултатите не се добри и треба да направиме некои промени, но верувам дека ќе бидеме подобри, рече Хамилтон.

Откако се приклучи на Ферари, Хамилтон победи само на една спринт трка, а неговиот најдобар пласман е четвртото место.

ИЗДВОЕНИ