На кои трговци ќе им се стемни на „црн петок“ и ќе бидат казнети со 10.000 евра?

Инспекторите со засилени контроли низ трговските објекти во државата за да обезбедат заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики. Проверуваат дали трговците ги почитуваат законските обврски при нудење попусти. И од Организацијата на потрошувачи на Македонија апелираа до потрошувачите да не избрзуваат и да не купуваат по секоја цена, туку само тоа што им треба и да внимаваат на квалитетот на производите. Поплаките на граѓаните од досегашното искуство од „блек фрајдеј“ е дека цената на некои производи, иако се на попуст, воопшто не е намалена, односно дека производот се продава по истата цена што била пред да се намали. Така, на пример, ако еден фустан чинел 2.000 денари, сега на етикетата стои дека првата цена била 3.000 денари, а дека намалената цена е 2.000 денари

7

Инспекторите им дишат во врат на трговците, ќе ги проверуваат сите трговски објекти низ државата за време на „блек фрајдеј“. Целта на овие контроли е да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики и да се проверува дали трговците ги почитуваат законските обврски при нудење попусти. Од ДПИ апелираат до сите трговци да обезбедат фер и транспарентни пазарни услови бидејќи секое доведување на потрошувачите во заблуда или до измамничко дејствување ќе биде санкционирано согласно со законските прописи.

– 30 тима од Државниот пазарен инспекторат денес и викендов ќе бидат на терен и ќе ги проверуваат трговските објекти низ државата. Инспекторите постојано вршат контроли од почеток на месецот бидејќи попустите на „блек фрајдеј“ во некои продавници почнаа од 1 ноември. Казните за непочитување на Законот за заштита на потрошувачи се од 500 до 10 илјади евра за правниот субјект и од 150 до 500 евра за одговорното лице во правниот субјект, изјави за весникот ВЕЧЕР, директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски.

Претходно, и од Организацијата на потрошувачи на Македонија апелираа до потрошувачите да не избрзуваат и да не купуваат по секоја цена, туку само тоа што им треба и да внимаваат на квалитетот на производите.

– На производот треба да бидат залепени две цени, едната стара цена, која треба да важи еден месец претходно, и цената на попуст. Исто така, треба да внимаваат доколку има попуст во некоја продавница, на пример од 70 отсто, дали сите производи се на 70 отсто попуст или само одредени производи, кои послабо им се трошат. Рекламата е голема, но прашање е дали се сите производи на попуст или само постарите модели. Граѓаните да внимаваат бидејќи за „блек фрајдеј“ трговците најчесто сакаат да протуркаат некој производ што вообичаено послабо се троши – изјави за весникот ВЕЧЕР Тања Тасевска, правен советник во Организацијата.

Таа апелира до потрошувачите во овој период, кога трговците сакаат што повеќе да продадат, да внимаваат на цената, а особено на квалитетот на производите. Често се случува трговците да не сакаат да ги заменат или да ги вратат производите што се купени на „блек фрајдеј“ по таа цена.

Поплаките на граѓаните од досегашното искуство од „блек фрајдеј“ не дека цената на некои производи, иако се на попуст, воопшто не е намалена, односно дека производот се продава по истата цена што била пред да се намали. Така, на пример, ако еден фустан чинел 2.000 денари, сега на етикетата стои дека првата цена била 3.000 денари, а дека намалената цена е 2.000 денари.

Но, има и продавници каде што има реални попусти и каде што може да се купи поскапо парче облека за пониска цена. Во некои продавници има попусти на целиот асортиман и тие обично се пониски и се движат од 10 до 30 отсто, а во некои има попусти и до 70 отсто, но само на одредени производи. Така, на пример, најчесто на попуст се моделите што послабо се трошат или оние модели кои не се во сезонски бои.

Практиката во минатото покажа дека кај нас речиси и да нема попуст на парчињата облека и обувки од некоја позната трговска марка или ако има попуст, тој е минимален. На „блек фрајдеј“, попуст може да се најде само на нешто од постарите колекции што не се продало.

Освен гардероба и обувки, за „блек фрајдеј“ има попусти и на белата техника, мебелот, производи за домот, како и на туристичките аранжмани.

Во ОПМ предупредуваат дека доколку граѓаните наидат на некои маркетиншки трикови, да пријават во Државниот пазарен инспекторат, да изврши контрола во соодветната продавница. И ДПИ ги повикува граѓаните да пријават секоја неправилност на телефон 191 или преку веб-страницата www.dpi.gov.mk, за да се спречат злоупотреби и да се заштити правото на потрошувачите да добијат вистински и чесни попусти.

Апелираат во овој период, кога трговците сакаат што повеќе да продадат, да внимаваат на цената, а особено на квалитетот на производите. Често се случува трговците да не сакаат да ги заменат или да ги вратат производите што се купени на „блек фрајдеј“ по таа цена.

Во Законот за заштита на потрошувачите има строго определени правила за креирање на попустите. Така, трговецот, кога става одредена стока на попуст, ја намалува цената врз основа на најниската цена во последните 30 дена. На пример, ако тој продавал одреден производ за 6.000 денари, па го продавал за 5.000 денари, потоа за 4.000 денари во текот на еден месец, односно во текот на 30 дена, кога ќе реши да стави попуст или да ја намали цената, има обврска да го спроведе попустот на најниската цена, односно на 4.000 денари. Исто така, трговците секогаш мора, покрај старата цена, да ја стават и новата цена, со прецртување, означување или напишано со букви „стара цена“, па да ја наведат новата цена. Или кога станува збор за процентуалното намалување, тие имаат апсолутна обврска да ја стават новата цена, која произлегува од тоа процентуално намалување.

(А. С.)

ИЗДВОЕНИ