Бев жигосана како вештерка не само поради тие мои срамни  „голи“ фотографии туку и поради плукањето од сите страни по мене. Исто така, ми се случи уште една семејна трагедија. Почина мајка ми, Дивна, а Душко никаде го немаше да ме утеши, да ми каже некој топол збор како човек. Неговата незаинтересираност ми ја убиваше психата. Најпосле се разведовме!Сакале-нејќеле, пејачката Јелена Карлеуша, која и во Македонија имa армија обожаватели, во текот на новогодишно-божиќните празници повторно (по кој знае koj пат) беше главна тема за дилема во речиси сите балкански медиуми, пишани и електронски. Само една нејзина изјава, инаку дадена за телевизија „Пинк“ (завчeра, во утринската програма) поттикна лавина од реакции.

– Мојот поранешен сопруг и фудбалер, Душко Тошиќ-Дуле, сериозно ми предложи да се убијам, бидејќи тоа е единствен начин да ја избришам црната дамка од нашето семејство поради моите „голи“ фотографии што се појавија од скриената телефонска камера на некојси наводно мој љубовник, чие име не сакам ни да го споменам. Со тоа Дуле ми го уништи животот. Не сакав ни на сон да го послушам, бидејќи имам две прекрасни ќерки. Многу жени немаше да го преживеат тоа да беа на мое место. Во тоа време ми се случи, исто така, уште една семејна трагедија. Почина мајка ми, Дивна. Таа беше новинарка во Радио Белград. Знам колку се мачеше со својата скромна новинарска плата да ми помогне да станам популарна пејачка. Постојано имав еден куп жални денови, кои едвај ги преболев. За жал, тој тогашен мој Душко никаде го немаше да ме утеши, да ми каже некој топол збор како човек, најмногу поради смртта на мајка ми. Толку тешко ми падна тоа, едвај се созедов од солзи. Неговата незаинтересираност ми ја убиваше психата. Најпосле се разведовме. Уште се сеќавам дека бев жигосана како вештерка не само поради тие мои срамни „голи“ фотографии туку и поради плукањето од сите страни по мене, дури и од страна на семејството на Дуле. Храбро издржав, продолжив понатаму во животот, и во кариерата и на приватно поле – беше брутално искренa Карлеуша.

Таа раскажа и дека е избришан нејзиниот „Инстаграм“, а не знае зошто. Но, додава дека ќе ги повика сите свои пријатели од медиумите, како и обожавателите, преку „Фејсбук“, каде што ја  следат десетина милиони луѓе, за да остане во комуникација со нив.

– Не може да ја уништат мојата личност, без разлика на тоа што ме удираат најбезобразно, најневоспитано. Се враќаат на приказната за мојот полов орган, само тоа ги интересира, за да ме навредат и исмејуваат. Живееме, за жал, во свет на, главно, умствено растроени луѓе – разјасни Јелена без трошка воздржување.                                                                                                                                                   (Д. М.) фото: ФБ

 

 

ИЗДВОЕНИ