На Камчатка се регистрирани повеќе од 130 последователни потреси за 12 часа

409
EPA/GEOPHYSICAL SURVEY OF THE RUSSIAN ACADEMY OF SCIENCES HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

По разорниот земјотрес што ја погоди крајбрежната зона на Камчатка на 30 јули, регионот сè уште го потресуваат низа последователни потреси.

Според огранокот на Геофизичката служба на Руската академија на науките во Камчатка, во првите 12 часа по главниот земјотрес се регистрирани 134 последователни потреси, од кои некои достигнале магнитуда од 6,3 степени, објавува агенцијата „Камчатка Информ“.

Земјотресот се случил кратко пред пладне по локално време и бил најсилен во сеизмичката зона на Камчатка од ноември 1952 година.

Епицентарот бил покрај источниот брег на полуостровот, но „последни потреси“ биле регистрирани и покрај јужниот и западниот брег, како и на копното на самата Камчатка.

Треморите беа почувствувани во Петропавловск-Камчатка, каде што земјотресот достигна магнитуда од три до четири степени, пренесува „Танјуг“.

По првите 12 часа, во следниот час беа регистрирани уште десет земјотреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 5,6 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема жртви. Според податоците од здравствените установи на Камчатка, неколку лица се полесно повредени при паника и напуштање на згради. Едно лице е повредено при скокање од прозорец. Исто така, е регистрирано зголемување на бројот на епилептични напади. Ѕид се урна во градинка, но во времето на инцидентот немало деца во зградата. На аеродромот се урна таван, поради што еден патник се здоби со полесни повреди.

Гувернерот на Камчаткаскиот крај, Владимир Солодов, нареди скратен работен ден во сите државни институции и активирање на регионалниот штаб за вонредни состојби. Сообраќајните метежи во регионалниот главен град укажуваат на масовно напуштање на градот од страна на жителите.

ИЗДВОЕНИ