По редовнитe локални избори во Косово одржани во неделата, претседателот на Српска листа, Златан Елек, изјави дека убедливо победиле во девет од десетте општини со мнозинско српско население. Тука се вклучени и четирите северни општини со српско мнозинство – Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.
-Ќе имаме двотретинско мнозинство во сите десет општини, а она што е најважно е дека четирите општини северно од Ибар се вратени во српски раце, рече Елек.
Тензиите на северот на Косово пораснаа откако Србите ги напуштија сите косовски институции во 2022 зашто не им беа исполнети барањата за поголема автономија, а следната година ги бојкотираа изборите.
На изборите во неделата гласале 39,16 проценти од гласачите, а најголема излезност е забележана во српските области, пренесува „РТС“.