понеделник, февруари 9, 2026
Дома СВЕТ На изборите во Јапонија премиерката Такаичи со коалицијата обезбеди „супер мнозинство“

На изборите во Јапонија премиерката Такаичи со коалицијата обезбеди „супер мнозинство“

29

Koaлицијата предводена од премеирката Санае Такаичи обезбеди двотретинско „супер-мнозинство“ во Долниот дом на парламентот на Јапонија. Според објавените резултати, нејзината Либерално-демократска партија освои 316 од 465 пратенички места, а заедно со Партија на јапонските иновации, владејачкиот блок обезбедува 352 места. Тоа ѝ дава на Такаичи комфорност во владеењето и можноста за брза реализација на ветените даночни олеснувања за домаќинствата, пред се укинување на 8-процентниот данок на храната и забрзано зајакнување на одбранбените капацитети со повеќе воени трошоци, поамбициозни одбранбени програми и подготвеност за сценарија што директно ја допираат кризата околу Тајван.

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ѝ честиташе на Такаичи, вклопувајќи ја јапонската конзервативна агенда во поширокиот наратив за „мир преку сила“. Но за неа, „супер-мнозинството“ е и тест за тоа дали ќе може да обезбеди даночни олеснувања без фискален потрес и дали ќе може да ја турка безбедносната агенда без да отвори долгорочна ескалација со Пекинг.

ИЗДВОЕНИ