вторник, февруари 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА На граничниот премин „Блато“ е упасен македонски граѓанин – се обидел да...

На граничниот премин „Блато“ е упасен македонски граѓанин – се обидел да замине со возилото без проверка притоа загрозувајќи ги животите на полицајците

33
Фото:принтскрин, видео албанска полиција

На граничнот премин „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар, албанската полиција уапсила македонски државјанин, кој откако одбил да биде проверен на втората линија, се обидел да избега, загрозувајќи ги животите на полициските службеници, информира албанската гранична полиција.

„Вчера околу 17.20 часот, лицето Г.К. (42) жител на Република Северна Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“,  бил замолен да премине  на втората линија за детална проверка, заедно со возилото. Тој го одбил барањето на полициските службеници и се обидел да избега со возилото, загрозувајќи ги животите на полицајците. Тој е фатен и уапсен – соопшти албанската полиција.

Процесните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Дебер, за понатамошни дејствија.

Уапсениот ќе одговара за кривични дела „спротивставување на вршење на должност на службеник од јавен ред и мир“ и „Нелегално преминување на граница“, а возилото што го управувал е запленето.

ИЗДВОЕНИ