Целиот простор на станицата е евакуиран, а железничкиот сообрачај е моментално сопрен, се додава во соопштението, пренесува „Билд“.
„Главната железничка станица во Штутгарт се евакуира поради сомнителен предмет. Голем контингент на федералната полиција ја спроведува операцијата“, рече портпаролот на полицијата.
Се напоменува дека сомнителниот предмет е пријавен околу 19 часот и 30 минити, а еден час подоцна сојузната полиција донела одлука да ги евакуриа пероните и да го споре сообраќајот.
На лице место се наоѓаат бројни полицијаци, а официјалните лице соопштија дека „ситуацијата се уште е во тек“, но не сакаа да дадат дополнителни информации за природата на предметот.
Според информациите на сојузната полиција, железничкиот сообраќај во горниот дел од станицата во Штутгарт е преминат до понатамошно известување, додека сообраќајот на С-Банот (пригардските возови) функционира и понатаму.












