сабота, февруари 7, 2026
Дома СВЕТ На банкетот во замокот Виндзор 160 гости јадеа на маса долга 50...

На банкетот во замокот Виндзор 160 гости јадеа на маса долга 50 метри со 139 свеќи, а ги служеа 100 луѓе

646

Во замокот Виндзор британското кралско семејство организираше државен банкет во чест на американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија.

На настанот присуствуваа 160 гости, а оброкот се сервираше на маса долга речиси 50 метри, на која беа поставени 139 свеќи и 1.452 парчиња прибор за јадење и беа ангажирани малку повеќе од 100 вработени.

Склопувањето на масата траеше една недела, задачата беше завршена во неделата, а приборот за јадење беше поставен во понеделникот. Планот за седење го направи кралското домаќинство.

Покрај Трампови и кралското семејство, на банкетот беа и бротанскиот премиер Кир Стармер, извршниот директор на „Блекстоун“, Стив Шварцман, извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, извршниот директор на „Нвидија“, Јенсен Хуанг и Сем Алтман од „ОпенАИ“, медиумскиот могул Руперт Мердок и многу други.

Државниот банкет беше најважниот дел од првиот ден од државната посета на американскиот претседателски пар на Обединетото Кралство.

ИЗДВОЕНИ