Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) известува дека утре, на Бадник и в среда на Божик автобусите ќе сообраќат по неделен возен ред.
Од ЈСП информираат дека дежурни ќе бидат билетарниците и Центрите за персонализација на Транспортен центар (од 08:00 до 14:00 часот) и Жичница од 10:00 до 17:00 часот.
Жичницата утре и во среда на Божик ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.












