На автопатите Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола се работи турбо

30

Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово – Гостивар, 46 проценти за Гостивар – Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп – Битола.

Според Извештајот објавен вчера на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), за делницата Букојчани – Гостивар се реализирани 73 проценти од геотехничките истражувања, а за Прилеп – Битола 63 проценти.

Надзорот регистрира напредок од 60 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово – Гостивар, од 30 проценти за Букојчани – Гостивар, а од 49 проценти за Прилеп – Битола.

Како што информираа претходно од ЈПДП, од градежните активности што се одвиваат на трите делници (Тетово- Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) се земјани работи на главна траса, изградба на пропусти, армирање и бетонирање на мостови, регулирање на времени сообраќајни режими, се вршат ископи и се изведува заштита на косини. Сите активности се одвиваат со зголемена динамика.

На „Бехтел и Енка“ досега се исплатени вкупно 301.088.222,79  евра. Во април годинава, според Извештајот на надзорот, имало две исплати од државата преку ЈПДП, од  599.794.350 денари, на 22-ри, и од 524.972.228 денари на 30-ти.

Во активностите, изведувачот заклучно со април  ангажирал 1.833 лица и 1.082 градежни машини.

Кон „Бехтел и Енка“ за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д  заклучно со минатата година беа исплатени  261 милион евра, а годинава за таа намена во буџетот на Министерството за транспорт се предвидени 130 милиони евра. Планирано е да се работи комплетно на целата траса Тетово–Гостивар во должина од 17 километри, на Гостивар–Букојчани на приближно 17 километри и на Прилеп–Битола на 25 километри.

Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра беше склучен во март 2023 година.

Премиерот Христијан Мицкски потсети дека во општините со проектите од првиот и од вториот повик, ќе има нови 1200 градилишта.

“Кога сето ова ќе се спореди со онаа летаргија којашто изминативе години функционираше по принципот битно е да крадеме, не да градиме. Тогаш мислам дека се чувствува разликата и поместувањето во позитивна насока, рече тој“.

ИЗДВОЕНИ