На американскиот пазар се појавија ВИ-играчки за деца кои зборуваат за интимни односи, политика и даваат совети за острење ножеви

29

Пред празничната сезона во Соединетите Американски Држави, на американскиот пазар се појави бран играчки напојувани со вештачка интелигенција, кои комуницираат со децата со помош на напредни чет-ботови и водат интерактивни разговори, меѓутоа, во неколку наврати играчките воделе разговори со децата за политика, интимни односи, а исто така давале и потенцијално опасни совети.

NBC News тестираше пет популарни играчки со вештачка интелигенција, Miko 3, Alilo Smart AI Bunny, Curio Grok, Miriat Miiloo и FoloToy Sunflower Warmie, поставувајќи им прашања за безбедноста, приватноста и несоодветните теми.

Во неколку случаи, играчките даваа експлицитни, опасни или вознемирувачки одговори, како што се упатства за палење кибрит или острење ножеви.

ИЗДВОЕНИ