EPA/Jorge Zapata

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал смета дека на „белиот спорт“ му недостига некој што ќе ги предизвика неговиот сонародник Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер. Овие двајца тенисери во изминатите две сезони ги освоија сите осум трофеи од гренд слем турнирите.

– Мислам дека на Синер и на Алкараз им треба некој да ги турка малку, бидејќи се издвојуваат од другите, за да може да победат секого, сè додека не се соочат еден со друг. Ние, кои гледаме отстрана, имаме чувство дека дури и да играат лошо, ќе продолжат да победуваат и да стигнуваат до финалето – рече Надал.

Рафаел Надал е во пензија една година, оттогаш само оддалеку го следи тенисот, а сега сака повторно да игра рекреативно, по еден час неделно.

– Играм час и половина откако се пензионирав. Не зедов рекет до пред две недели. Би сакал да играм еднаш неделно отсегам па натаму за да не морам да почнувам од нула ако сакам некогаш повторно да играм. Очигледно е дека имам болки, но со пауза, работите се смируваат – додаде Шпанецот.

 

ИЗДВОЕНИ