На Аца Лукас, сега Србите му откажаа концерт во Олимпискиот центар на планината Јахорина  

0

Откако беше приведен во Македонија!

Не за џабе велат „тркалото се врти“, па се случи уште еден мегаскандал со српската музичка мегаѕвезда, Аца Лукас. Тој, по скандалот во Македонија, во Велес, сега е забранет од неговите Срби. Концертот на српската турбофолк ѕвезда што требаше да се одржи деновиве во Олимпискиот центар на планината Јахорина е буквално откажан! Главната причината за откажувањето е многу едноставна, но и многу значајна. Пејачот е на фотографија во друштво на поранешниот воен командант на Армијата на Босна и Херцеговина, Насер Ориќ, а кој Србите и понатаму го сметаат за воен злосторник.

– Фотографијата предизвика огромна загриженост кај Србите во Босна, па така, наместо Лукас, ќе настапи некој друг пејач, се вели во соопштението на Олимпискиот центар.

– Аца Лукас длабоко нè повреди сите нас во Република Српска со тоа што е во друштвото со Насер Ориќ. Затоа Лукас го изгуби кредибилитетот за каков било иден настап, а особено нема да настапи на отворањето на Зимската сезона на Јахорина, велат организаторите.

По овој скандал се огласи и самиот Лукас: – Не ги делам луѓето по националност, религија или по боја на кожата, а најмалку од сè, не барам од моите обожаватели кои доаѓаат да се сликаат со мене да ми ја покажат личната карта. Никогаш не учествував во ужасите на војната во Југославија, никогаш не учествував во поделбата на луѓето. Сите ги сакам. Ова е ужасно што ми прават. Пред тоа во Македонија, сега во Босна и Република Српска! На сето тоа, Насер Орлиќ кусо искоментира дека ги сака песните на Лукас, сака да го слуша српскиот турбофолкер, па затоа и посака да се слика со својот музички миленик.

(Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ