Почина театарската, филмска и телевизиска глумица Ленче Делова, соопшти Драмски театар, нејзината матична куќа. Имаше 77 години.
Родена е на 15 јуни 1948 во Скопје. На сцената на Драмски настапувала од 1964 како актерка-аматерка, а во 1970 стана членка на ансамблот каде играше сè до пензионирањето во 2013.
За улогата на Офелија во „Хамлет“ ја доби наградата „13 Октомври“, наградена е за најдобра актерка за улогата на Трајанка во „Ни ќар – ни зијан“ на фестивалот „Војдан Чернодрински, каде во 2006 ја доби наградата за животно дело.












