На 25-минутна романтична церемонија: Џеф Безос и Лорен Санчез конечно си разменија брачни завети во Венеција

1000
Фото: EPA/DANIEL DAL ZENNARO

Џеф Безос и Лорен Санчез разменија завети на церемонија што траеше околу 25 минути. Семејството и пријателите аплаудираа, навиваа и свиркаа од среќа за брачната двојка.

Одекнуваа овации додека Џеф Безос и Лорен Санчез разменија завети на нивната свадба вредна 20 милиони долари во Венеција, пред гламурозна публика од познати личности. Гостите на Џеф Безос и Лорен Санчез беа поздравени од звуците на госпел хор кога првпат пристигнаа, пренесе „Пејџ сикс“.

Хорот повторно започна песна откако двојката го кажа своето судбоносно „Да“. Гостите можеа да се слушнат како навиваат и пеат заедно додека хорот ја изведуваше „Higher Love“ од Витни Хјустон.

Песната беше свирена пред самата церемонија, додека гостите се собираа и влегуваа во местото на одржување.

Некои од ѕвездите од А-листата што присуствуваа на свадбата веќе почнаа да пристигнуваат. Опра Винфри, Иванка Трамп и Ашер се меѓу познатите личности што отпатуваа на приватниот остров по вода за да присуствуваат на романтичната церемонија.

Опишана како „свадба на векот“, 61-годишниот основач на Амазон и еден од најбогатите луѓе во светот и неговата идна сопруга, Лорен (55), беа домаќини на речиси 200 ВИП гости во Венеција за тридневна раскошна прослава.

Синоќа беше откриено дека Безос и Санчез наводно веќе законски се венчале пред денешната церемонија на островот Сан Џорџо Маџоре. Ова се случи откако гостите, вклучувајќи ја и Кајли Џенер, мораа да се засолнат од ненадејна бура за време на предсвадбената забава во историскиот манастир Мадона дел Орто.

Ѕвезди како Ким Кардашијан, Опра Винфри и Орландо Блум пристигнаа во Италија претходно оваа недела за свадбата, која се случува две години откако Безос ѝ предложи брак на Санчез на неговата суперјахта од 500 милиони долари.

Сепак, подготовките за големиот ден на двојката не беа без проблеми, бидејќи демонстрантите планираа да ја прекинат прославата, дури и да доведат до доцна промена на локацијата.

ИЗДВОЕНИ