петок, јуни 5, 2026
Дома БАЛКАН На 13 октомври знамињата на половина копје: Денот на погребот на Халид...

На 13 октомври знамињата на половина копје: Денот на погребот на Халид Бешлиќ, ќе биде Ден на жалост во Федерацијата БиХ

352

Владата на Федерацијата БиХ на денешната телефонска седница одлучи денот на погребот на Халид Бешлиќ да го прогласи за Ден на жалост.

Бешлиќ ќе биде погребан во понеделник, 13 октомври, во 15 часот, на градските гробишта Баре.

На погребот ќе му претходи комеморација.

Денот на жалост ќе биде одбележан со спуштање на знамињата на половина копје во институциите на Федерацијата БиХ, додека медиумите, културните институции и организаторите на јавни настани ќе ги прилагодат своите програми на тој ден.

ИЗДВОЕНИ