Владата на Федерацијата БиХ на денешната телефонска седница одлучи денот на погребот на Халид Бешлиќ да го прогласи за Ден на жалост.
Бешлиќ ќе биде погребан во понеделник, 13 октомври, во 15 часот, на градските гробишта Баре.
На погребот ќе му претходи комеморација.
Денот на жалост ќе биде одбележан со спуштање на знамињата на половина копје во институциите на Федерацијата БиХ, додека медиумите, културните институции и организаторите на јавни настани ќе ги прилагодат своите програми на тој ден.