петок, јануари 30, 2026
Дома МАГАЗИН На 113 години, почина Роза Жироне, најстарата преживеана жртва на холокаустот во...

На 113 години, почина Роза Жироне, најстарата преживеана жртва на холокаустот во светот

122
Фото:скриншот

Најстарата преживеана жртва на Холокаустот во светот, Роза Жироне, почина на 113-годишна возраст, објавија денеска израелските медиуми.

 

Роза е родена во Полска во 1912 година, но со семејството се преселила во Хамбург, каде пораснала и подоцна се омажила, пишува „Џерусалим пост“.

 

Нејзиниот сопруг бил уапсен во 1939 година и требало да биде испратен во концентрациониот логор Бучевалд, но Роза, која тогаш била бремена во осмиот месец, успеала да обезбеди кинески визи и за себе и за нејзиниот сопруг и истата година побегнале во Шангај, a подоцна се населиле во њујоршката населба Квинс.

Во САД почнала да плете за да заработи за живот, а подоцна отворила продавница за трикотажа во Квинс.

ИЗДВОЕНИ