На 1 јануари автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред 

103

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека денеска автобусите ќе сообраќаат по редовен зимски возен ред.

В четврток (1.1.2026 год), автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од вообичаено, а другите согласно со неделниот возен ред.

Од петок (2.1.2026 год) автобусите ќе сообраќаат по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Денеска, шесте центри за персонализација и билетарниците на Зеленото пазарче, пазарот во Бутел и во Ѓорче Петров ќе работат до 16:00 часот, а другите билетарници ќе работат само прва смена, до 14:00 часот. В четврток (1.1.2026 год), дежурни ќе бидат: центарот за персонализација во Транспортниот центар (од 11:00 до 17:00 часот) и билетарницата на жичницата (од 11:00 до 17:00 часот). Од петок (2.1.2026 година) продолжуваат со вообичаеното работно време.

Жичницата денеска ќе работи од 10:00 до 15:00 часот, а на 1 јануари од 11:00 до 17:00 часот.

Последното возење оддолу кон врвот и од врвот надолу е во 16:30 часот.

ИЗДВОЕНИ