Н1: Судир меѓу обезбедувањето на Мацут и придружбата на Вучиќ на пат кон Ниш/ВИДЕО

146
Фото: x.com/srdjanmil037

На социјалните мрежи е споделено видео од автопатот кон Ниш, на кое се гледа конфликт меѓу придружбата на српскиот премиер Ѓуро Мацут и луѓето во возилото во кое се превезувале членови на кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, објави Н1.

На видеото се слуша како најверојатно Сузана Васиљевиќ, советничката на претседателот на Србија, излегува од автомобилот и пцуе и го нарекува човекот од обезбедувањето на премиерот Мацут „идиот“.

Во останатиот дел од снимката се слуша женски глас кој тврди дека се работи за придружба од канцеларијата на Вучиќ, по што доаѓа до физичка пресметка меѓу двајца обезбедувачи.

Погледнете го видеото од инцидентот:

ИЗДВОЕНИ