Елена Рибакина приреди изненадување во финалето на Австралија опен, каде ја победи најдобрата тенисерка во светот Белорусинката Арина Сабаленка и за првпат го осови трофејот во Мелбурн. Тенисерката која игра под знамето на Казахстан го доби финалето на Австралија опен со 1:2 по два часа и 19 минути игра.
Уште во првиот гем Рибакина успеа да направи брејк кој потоа го одбрани низ стартниот сет. Иако Сабаленка имаше две брејк-шанси, не ги искористи и ривалката со 4:6 дојде во водство. Вториот сет беше исто така апсолутно израмнет. Најдраматичен беше вториот гем кој беше најдолг, а Рибакина спречи три обиди за брејк. Во целосно израмнет сет Сабаленка дури во десеттиот гем при сервис на противничката одлично се снајде и стигна до 6:4.
Најдобрата на светот отвори одлично и во решавачкиот сет, бидејќи направи брејк и стекна водство од 3:0. Сепак, на тоа Рибакина одговори со дури два брејка и врза пет гема во низа за пресврт (3:5). До крајот немаше изненадувања и Русинката која од 2018 година игра под знамето на Казахстан стигна до вториот голем трофеј во кариерата.
Претходно Рибакина го освои само уште Вимблдон во 2022 година.












