Актуелниот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, ја забележаа третата победа во домашниот шампионат откако славеше на гости кај Гостивар со 77:57, на последниот натпревар од 4. коло во Суперлигата.

По првата четвртина, која ја добија во своја корист (13:11), „металците“ притиснаа во вторите десет минути, во кои и практично го решија прашањето околу победникот. На полувремето, тимот од Аеродром замина со 15 поени предност (41:26). Во второто полувреме, само рутински ја зачува предноста за на крајот да слави со +20.

Најефикасен на мечот беше Смит Мексвејн со 14 поени, додека по 12 имаа Крстевски и Мекејден. На спротивната страна, прво име беше Карахоџиќ со 12 поени, единствен со двоцифрен број поени.

ИЗДВОЕНИ