Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа вториот пораз во петтиот натпревар од новата сезона во АБА 2 лига, откако на гостувањето кај Златибор загубија со убедливи 102:74.

МЗТ одигра солидно само во првата четвртина која ја загубија со 29:28, а потоа се беше во знакот на српскиот тим. До крајот на полувремето, Златибор ја презема резултатската контрола и на пауза замина со водство од 54:49. Во вториот дел од натпреварот домашниот тим целосно го смени текот на играта. Во третата четвртина Златибор доминираше на двете страни од теренот и со серија поени стигна до убедлива предност, добивајќи го овој период со 23:12. Во последната четвртина домаќините рутински ја одржуваа разликата и без поголеми проблеми го приведоа натпреварот кон сигурна победа од 28 разлика.

Со овој убедлив пораз само се покажа разликата во квалитет меѓу македонската и српската лига, бидејќи Златибор не е меѓу најдобрите тимови во соседството, покрај силните Партизан и Црвена звезда.

ИЗДВОЕНИ