Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа првиот пораз сезонава во АБА2-лигата, откако на гости загубија кај Сутјеска со 83:77 во рамки на 2. коло.
Македонскиот првак одигра добро прво полувреме, а во второто полувреме ја загуби двоцифрената предност. Во последната четвртина двете екипи, „металците“ влегоа со позитива од шест поени (58:52), но не успеаја да ја одржат предноста, пред сè поради сериозни проблеми со реализацијата.
Во третото коло од регионалното натпреварување, кошаркарите на МЗТ Скопје ќе имаат уште едно гостување, во Бања Лука, на 5 ноември, кога силите ќе ги одмерат со дебитантот во оваа конкуренција, екипата на Студент.











