Кошаркарите на МЗТ Скопје го совладаа ТФТ со 77:53 во четвртиот финален натпревар од плеј-офот во Првата македонска лига и сосема заслужено стигнаа до дванаесеттата шампионска титула во својата богата историја.

Најефикасен кошаркар кај старо-новиот шампион беше Војдан Стојановски со 17 поени, Дион Едвин имаше 13, а Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски додадоа уште по 11. Во редовите на ТФТ се истакнаа Гринли и Зафиров, кој исто така имаа по единаесет поени.

Американецот Дион Едвин е прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалната серија во Првата македонска кошаркарска лига.

Едвин беше еден од предводниците на „металците“, кои ја освоија дванаесеттата шампионска титула во историјата, а МЗТ Скопје успеа да го совлада ТФТ Скопје на Боро Смилковски со конечни 3:1 во победи.

Едвин се покажа како одлично засилување сезонава и сосема заслужено го доби признанието. На последниот натпревар од серијата придонесе со 15 поени, пет скокови, четири асистенции и три украдени топки.

 

ИЗДВОЕНИ