Екипата на МЗТ Скопје ја потврди фаворитската улога во дуелот со вечниот ривал Работнички, откако во дербито од 10. коло во Суперлигата одиграно во СРЦ „Кале“ славеше со 72:90.

Најефикасен кај тимот од Аеродром беше Елајџа Мекејден со 22 поени, додека Војдан Стојановски додаде 18, додека на спротивната страна прво име беше Брендон Алстон со 20 коша.

Со оваа, деветта победа тимот на МЗТ Скопје се врати на второто место на табелата со 18 бодови, еден помалку од лидерот ТФТ, а еден повеќе од Пелистер, додека Работнички има 15 бода колку и екипите на Куманово и Маџари.

ИЗДВОЕНИ