По освојувањето на трофејот во Суперкупот на Македонија, актуелниот шампион МЗТ Скопје, договори ново засилување. Станува збор за Мек Смит (27), кој ќе биде четвртиот американски кошаркар во дресот на Аеродромци.
Смит добро ги познава приликите во македонската кошарка, откако претходно настапуваше за екипите на Академија ФМП и за Тиквеш. Смит има и одлична универзитетска кариера зад себе, со оглед што е рекордер по бројот на натпревари на кои постигнал тројка во НЦАА лигата. Неговиот рекорд изнесува 91 натпревар со најмалку еден прецизен удар за три поени. Тој е и само вториот интернационалец во мак-баскетот со остварен трипл-дабл и тоа во дресот на ФМП.