понеделник, февруари 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МЗ го објави составот на странската комисија за истражување на кардиохируршките операции

МЗ го објави составот на странската комисија за истражување на кардиохируршките операции

19

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, меѓу кои:

Д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, со искуство како редовен професор од областа кардиохирургија на Универзитетот во Удине, а бил ангажиран како визитинг професор на универзитетите „Стенфорд“ и „Сан Диего“ во САД, кој има стекнато богато професионално искуство во областа на трансплантација на срце. Исто така, како експерт е член на уредувачките одбори на повеќе европски стручни списанија во оваа област.

Д-р Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Словенија, со повеќегодишно работно искуство на раководна позиција во Универзитетскиот медицински центар Љубљана, кој воедно е и доктор на науки на Универзитетот во Марибор и има објавено повеќе стручни трудови посветени на кардиоваскуларната хирургија.

Д-р Черчек Миха, интервентен кардиолог од Словенија, со долгогодишно искуство на одделот за кардиологија (единица за коронарен третман), при Универзитетскиот медицински центар Љубљана. Овој експерт, исто така, има стекнато титула доктор на биомедицински науки на Универзитетот во Љубљана. Тој во рамки на својата експертиза бил ангажиран како истражувач на престижниот „Cedars-Sinai“ медицински центар во Лос Анѓелес, САД, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во номеври лани, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции утврди дека се кај 10 од 19 анализирани случаи, непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти министерот за здравство Азир Алиу тогаш.

ИЗДВОЕНИ