Граѓаните на Србија денес добија СМС порака со предупредување за екстремно високи температури.
„Врв на топлотниот бран. Максималните температури денес и утре од 38 до 43 степени“, се наведува во СМС пораката.
На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи е наведено дека денес и утре ќе биде врвот на топлотниот бран – максималните температури на повеќето места во централна, јужна и источна Србија денес и утре ќе бидат помеѓу 38 и 43 степени.