МВР распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров – Цуна, наркодилерот кој скандалозно избега од прозорец од полициската станица во Кочани минатата недела, со што индициите се дека тој можеби веќе е пребеган во странство.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко Методи и мајка Даринка. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик“, објави МВР.
Кочанчанецот беше приведен откако во возило во кое се наоѓал била пронајдена бела прашкаста материја, а наводно успеал да избега од полициската станица во Кочани додека бил задржан за распит.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека А.Л,. по еден ден од неговото задржување, избегал од полициските простории.












