МВР: Одрон на автопатот Скопје – Велес – засега сообраќајот не е во застој

60
Фото:МВР, ФБ

Во 17:35 часот е пријавено дека на автопатот Скопје–Велес, по тунелот „Бадар“, има одрон од карпа кој ги зафатил двете ленти. Сообраќајот засега не е во застој, а на лице место се полициски службеници и екипа од Македонија пат, информира МВР.


Од 18:05 часот поради излевање на Црна река од своето корито кај с.Бучин, крушевско имаме прекин на патениот сообраќај на локалните патни правци од с.Бучин – Д.Хисар,с.Бучин према с.Обршани и с.Бучин према с.Трноци.


Воедно, од МВР информираат дека од 18:30 часот патниот правец Пробиштип-Леговец поради сообраќајна незгода и вршење на увид е затворен за сообраќај во двата правци.

Министерството за внатрешни работи презема соодветни активности за отстранување на сите пречки за воспоставување и нормализирање на сообраќајот.


Апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително поседување на пропишаната зимска опрема и почитување за поставената сигнализација.

ИЗДВОЕНИ